02 Јуни, 2024
0.0248

Зошто акцијата на ТТК Банка дојде на највисока годишна цена?

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Пазарната цена на ТТК Банка порасна за повеќе од 7 отсто за пет трговски дена. Дали некој се охрабри и официјално да покаже дека во блиска иднина очекува добри резултати од таа банка чиј најголем акционер „Тетекс“ веќе некое време наназад е најдобриот плаќач на дивидени на македонскиот пазар на капитал?

Акцијата на ТТК Банка, која се тргува на Официјалниот пазар на Македонската берза деновиве достигна највисока пазарна цена за период од една година (52 трговски седмици). Иако количествата кои беа истргувани не се огромни сепак промената на цената е значајна и оваа акција веќе некое време го бара своето место под сонцето односно станува се позабележителна во спектарот акции кои се во избор на инвеститорите.

Во петок таа акција ја допре психолошката ценовна маргина од 900 денари што е раст за 60 денари (меѓу највисока и најниска цена) што претставува раст од 7,14 отсто за период од пет трговски дена што навистина е резултат каков што посакува секој инвеститор. Оваа акција затвори тргување на цена од 880 денари во петок откако ја регистрираше највисоката годишна цена. Во период од пет трговски дена таа акција се тргуваше во три дена и со истргувани над 1.700 акции постигна раст на цената од 7 отсто.

Зошто расте цената на таа акција?

Доколку од анализа ги исклучиме чисто спекулативните мотиви за брза заработка и свртување на внимание кон одредена акција, можат да се најдат неколку атрибути или белези врз основа на кои може да се заклучи дека акцијата на ТТК Банка станува поинтересна за инвеститорите заради градење на имиџ на добра акција која носи дивиденда.

Најпрво, мотив на инвеститорите се билансите за 2017 година од кои за првите три квартали се гледа дека оваа банка работи поуспешно од 2016 година. А се знае дека во 2016 година подели дивиденда на своите акционери. Големи се очекувањата дека и за 2017 година оваа банка ќе подели дивиденда.

Тука има уште еден силен инидректен белег што ги прави реални очекувањата за солидна дивиденда. А тоа е деловната политика на големиоте текстител комбинат „Тетекс“. Оваа компанија е најголем хит во последните три години од аспект на поделба на дивиденда на своите акционери. Токму „Тетекс“ кон крајот на декември 2017 година подели дивиденда на сите свои акционери. А која е вреската на „Тетекс“ со ТТК Банка? Па текстилниот комбинат е најголем акционер во ТТК Банка. Многумина инвеститори се уверени дека првите луѓе на „Тетекс“ очекуваат дивиденда од ТТК Банка. Можеби и дел од средствата кои деновиве беа поделени како дивиденда за акциите на „Тетекс“ сега се слеаја во акции на ТТК Банка. Многумина веќе не гледаат со скепса и песимизам на акциите на „Тетекс“ и на ТТК Банка токми поради неколку годишната политика за исплата на квалитетна дивиденда.

Дополнителен мотив за инвеститорите е и тоа што пазарна цена на акцијата на ТТК Банка уште е значајно пониска од нејзината книговодствена вредност. И тука гледаат простор за некаква капитална добивка. Или што е и поважно не гледаат простор за пад на пазарната цена на таа акција особено заради значајните очекувања за нова дивиденда која се очекува да биде објавена претстојнава пролет.

Потврда за тоа дека акцијата на ТТК Банка е на добар глас кај инвеститорите е и во тоа што официјалните податоци покажуваат дека нејзината цена пораснала за 300 денари односно за речиси 30 отсто за период од една година и згора на тоа дала една дивиденда, а реално се големи изгледите дека ќе дели повторно дивиденда и дека пазарната цена има реални услови да расте.

Приказната за ТТК Банка може да стане особено позитивна ако таму решат и почнат да вложуваат институционалните приватни инвеститори.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ИСКУСНИТЕ ДОБРО ЗАРАБОТУВААТ, А ВЕШТИНАТА БРЗО СЕ УЧИ: За оваа работа плаќаат 15 евра, но не по саат, еве за што се работи

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОЛЕСНО ДО ГЕРМАНИЈА: оленет влезот на работниците од земјите надвор од Европската унија

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

ПОВЕЌЕ КРЕДИТИ ДОБИВААТ МАЖИТЕ: бројките покажуваат дека неопходна е финансиска едукација кај жените за поголем економски раст

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

РУСИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА СВЕТСКА ЕКОНОМИЈА: Таа придонесува за глобалниот БДП повеќе од Јапонија и Германија

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА ВРТОГЛАВО ПОРАСНА - сега е на највисоко ниво во последната година

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА МАСК: Тесла повлекува над 125.000 возила поради дефект на системот за предупредување

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

Кредитите издадени од кинескиот фонд за домување се приближуваат до 1,5 трилиони јуани во 2023 година

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

ДЗС: Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците

АКЦИЈА „НАБЕРИ САМ“: Бугарските овоштари ги пуштаат луѓето да берат цреши во овоштарниците