06 Мај, 2024
0.0459

ЗОШТО ДОЦНЕА АВТОБУСИТЕ - метеж и нервозни граѓани, ЈСП ги кажа причините

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните од Кисела Вода кои утрово патуваа со автобус накај своите работни места, беа принудени да задоцнат на работа, од проста причина што го немаше единствениот автобус кој сообраќа од таа населба па до центар, 24-та.

Дел од граѓаните сведочат дека го чекале меѓу 45 минути па до еден час, односно дека тој не се појави најмалку од 8.30 па до 9.15 часот.

Се разбира, вакво доцнење веднаш создава метеж на автобуските станици, бидејќи станува збор за периодот кога фреквенцијата на граѓаните е најголема, дополнително што денеска е вторник, односно еден од деновите со бесплатен превоз за пензионерите. 

А да не зборуваме за состојбата внатре во автобусот, кога граѓаните беа принудени да се возат буквално како сардини, односно беа речиси три пати повеќе од вообичаените достоинствени услови кои би требало да ги поседува еден современ градски јавен превоз. На нивниот револт и прашањето до возачот зошто толку доцни автобусот, кога на другата страна веќе отишле неколку празни возила, тој само одговори „прашајте си тоа во централата, а не нас“, како и „имате други начини, не мора да се возите во автобуси“.

Ваквите доцнења на 24-та не се невообичаена појава.

И граѓани од други делови на главниот град во земјава денеска преку социјалните мрежи реагираа дека јавниот градски превоз е закочен, наведувајќи дека причина за тоа се неколку сообраќајќи. Нивните реакции беа дека државата е нефункционална, па неколку сообраќајки предизвикуваат центарот на Скопје да биде блокиран.

Фактор го праша ЈСП зошто ова се случуваше. Оттаму велат дека причина за доцнењето на автобусите на линија 24 било резултат на изменетиот, времен режим на сообраќај поради сообраќајна незгода на булевар „Кочо Рацин“.

„Доцнење и пренасочување на автобусите, на одредени линии и не реализирање на одредени поаѓања, имаше не само на линија 24, туку, на сите линии чии траси на сообраќање минуваат низ централното градско подрачје.

Во случајов, возилата на линија 24, како и на сите останати вклучени во јавниот превоз, сообраќаа/т по инструкции дадени од Диспечерски центар под чиј надзор се сите возила, а во согласност со условите на терен“, потенцираат за Фактор од претпријатието.

Во врска со поведението на возачите на автобусите, од ЈСП велат дека не можат да одговараат за некоректниот однос на одделни вработени од нивната компанија, но кон нив можат да преземат соодветни мерки.

„ЈСП Скопје не може да одговара за изолирани случаи на некоректен, несоодветен однос на возачите, воопшто, на било кој вработен, како што се контролори, билетарки, и администрација, но може да реагира, односно да преземе соодветни мерки по доставена пријава и утврдување на непочитување на Кодекс за работа од страна на вработениот. Во зависност од природата на кршењето на кодексот за работа, казната може да биде усна опомена, парична казна, времена прераспределба на друга работна позиција. ЈСП е отворено за жалби и поплаки од страна на патниците, по чија регистрација, пријавените случаи се испитуваат од страна на соодветните служби во рамки на претпријатието. Имаме директна комуникација со корисниците на нашите услуги преку фан страната на ЈСП на фејсбук (facebook.com/jspskopjee), како и преку веб-страната www.jsp.com.mk.“, велат од ЈСП.

Оттаму апелираат секој оној кој има конкретна поплака за нивни вработен, односно возач, контролор, билетарка и слично, може истата да ја испрати на посочените адреси со наведен опис на ситуацијата и информација, односно ден, време, линија, гаражен број на возило.

„Врз основа на тоа, внатрешната контрола го испитува случајот и доколку се утврди прекршување на кодексот за работа, комисијата за дисциплински постапки во рамки на ЈСП презема соодветни мерки“, објаснуваат од ЈСП.

фото МИА

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев