18 Мај, 2024
0.0307

ЗОШТО Е ОСЛОБОДЕН КИЧЕЕЦ - ВМРО-ДПМНЕ прашува што тој може да проговори

Објавено во: Македонија 22 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ реагира за ослободувањето од притвор на Зоран Милески-Кичеец.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со ова, СДСМ и Зоран Заев очајно се трудат да ги прикријат трагите од случајот „Рекет“, кои, според него, директно водат до нив. 

„Скандалозна е одлуката за пуштање на веќе осудениот од случајот Рекет - Зоран Милески Кичеец, и тоа ни помалку ни повеќе, го ослободуваат пред почетокот на најдолгиот полициски час во најголемата криза со КОВИД-19. Очигледно го чекале правиот момент за да го ослободат осудениот Кичеец. Сега тој е на слобода, и како и сите останати што избегаа, може да избега кога сака надвор од границите на нашата земја“, рече Арсовски. 

Според него, останува уште да се ослободат Катица Јанева од домашен притвор на слобода и Бојан Јовановски алијас Боки 13 да биде пуштен од затвор во домашен притвор, па Зоран Заев, како што вели, да биде сигурен потоа дека си го купил мирот за некое време. 

„Дали со ова Заев сака да не се шири повеќе истрагата и си купува мир за возврат Милески да молчи и да не ја говори вистината онаква каква што е? Со што биле уценети Заев и Русковска за да го ослободат Зоран Милески од домашен притвор? Што може да проговори уште повеќе Зоран Милески, имајќи предвид дека во неговиот исказ директно алудираше на тоа дека Зоран Заев го известил Бојан Јовановски, Боки 13 дека се пријавени во Влада и индиректно го нотираше Зоран Заев за соучесник?“, рече Арсовски. 

Можеби ќе ве интересира

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија