Зошто германските компании се песимистични?
Објавено во: Економија 19 Декември, 2018
Истражување на институтот Ифо покажува дека германските компании стануваат песимистични.
Индексот кој го мери расположението од 102 во ноември падна на 101 во декември.
Менаџерите негативно гледаат на околностите сега и на изгледите за во иднина, односно за следните 6 месеци.
Ова е четврти пат како паѓа по ред индексот.
И германската економија падна во третото тромесечје.
Има загриженост поради излезот на Британија од ЕУ, и новите царини во САД.
Индексот се прави врз основа на мислење на 9.000 испитаници од производство, услужен сектор, трговија и градежништво.