Зошто Грците се иселуваат во странство?
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2016
Соседна Грција е земја со голема емиграција и оваа појава покажува дека заради кризи во 20 и 21 век државата ја напуштиле 1.764.000 Грци.
Овие бројки се наведени во извештај на грчката Централна банка.
„Миграцијата и сиромаштијата се двата најголеми фактори за несреќа на едно општество кое живее во перманентна криза. Тој процес трае и не може да се прогнозира кога ќе заврши. Со сигурност може да се каже дека е тоа третата масовна емиграција на Грци (првата од 1903-1917, втората од 1960 до 1972 година и третата од 2010 досега“ - изјави за весникот Катимерини, Софија Лазарету, економист во банката.
Од 2008 година досега бројот на луѓе кои ја напуштиле државата на возраст од 15 до 64 години е над 427.000.
Пред три години имало тројно повеќе емигранти Грци во споредба со 2008 година. Таа појава продолжила и во 2014 година и земала замав во првата половина на 2015 година.
Грција е меѓу земјите во ЕУ со највисока стапка на невработеност. Таа се соочува со финансиска криза последниве години.