06 Мај, 2024
0.0235

Зошто кризата во Шпанија е важна лекција за Европа?

Објавено во: Свет 14 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Каталонија не е единствениот регион во Европа кој бара поголема независност. Шкотска, Јужен Тирол, Фландрија, а можеби и Баварија имаат такви идеи. Некои од регионите не целат кон сопствена држава, туку само кон поголема автономија. 

Во такви околности, кога каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон има рок в понеделник да ја соопшти својата одлука дали ќе прогласат независност или не се појави интересна анализа за состојбите во Европа. 

Можеби трауматичниот конфликт меѓу шпанската држава и регионалната влада во Каталонија е токму она што ни е потребно сега за да му вдишеме нов живот на потклекнатиот европски проект. 

Уставната криза во една од водечките земји на Европската унија дава можност за реконфигурација на системот на демократското владеење во регионалните, националните и европските институции – за да се изгради одбранлива и одржлива Европа, пишува Јанис Варуфакис, поранешен министер за финансии на Грција и професор по економија на Универзитетот во Атина за project-syndicate. 

Барселона, преубава престолнина на Каталонија, е позната како богат град со голем буџетски суфицит. Сепак, не толку одамна, на многу од нејзините жители им се закани можноста да се најдат на улица поради наплата на побарувањата од банките кои беа спасувани со парите од даноците што тие ги плаќаа. Ова доведе до создавање на граѓанско движење благодарение на кое Ада Колау во 2015 стана градоначалничка на Барселона, наведува Варуфакис. 

„Каталонското прашање има долга историја, како и национализмот во Европа воопшто. Но, прашање е дали овој проблем сега би ескалирал на ваков начин ако во управувањето со кризата во еврозоната по 2010 година. Официјалните реакции од ЕУ на полициското насилство за време на референдумот за независност на Каталонија може да се карактеризира како неуспех во спроведувањето на должностите. Изјавата дека тоа се внатрешни проблеми на Шпанија во кои ЕУ не треба да се меша - според коментарот на претседателот на Европската комисија – е израз на лицемерие од највисок вид. Се разбира, хипокризијата не е ништо ново во однесувањето на Европската унија. На официјалните претставници на ЕУ не им е под достоинството да се мешаат во внатрешните работи на земјите-членки, кога, на пример, треба да се сменат избраните политичари кои одбиваат да ги спроведат мерките за намалување на пензиите и социјалната помош, или да ги продадат јавните добра по багателни цени (како што искусив јас лично)“ - се вели во текстот. 

Од друга страна, кога унгарската и полската влада прекршуваат некои од основните принципи на ЕУ, се почитува принципот на немешање во внатрешните работи на земјите-членки.

Инаку, претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер веќе се изјасни дека не сака Каталонија да стане независна, затоа што тоа би охрабрило и други региони да го направат истото. 

И германската канцеларка Ангела Меркел веќе изјави дека е против независност на Каталонија и не поддржува отцепување од Шпанија. 

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра