Зошто опадна рејтингот на Путин за прв пат по подолго време?
Објавено во: Свет 03 Септември, 2018
За прв пат по подолго време паднат е рејтингот на неприкосновениот руски претседател Владимир Путин.
Причина за тоа е неговото видео-обраќање до нацијата преку кое наведе дека маѓите место на 60 ќе одат во пензија на 65 години, а жените наместо на 55 ќе се пензионираат на 60 години.
Путин сето тоа во Русија го претстави како реформа, но граѓани преку протести искажаа дека тоа се скратени права.
Анкетите на центарот Невада покажуваат дека неговиот рејтинг опаднал за десет процентни поени, но сепак неговото владеење е и натаму со огромна стабилност од 70 проценти. Тоа во моментов е најмалата популарност на Путин од 2014 кога Русија го анектираше Крим од Украина.