ЗОШТО СОСТОЈБАТА Е ВАКВА: Се намалил бројот на работниците во индустријата
Објавено во: Економија 06 Март, 2020
Во Македонија во јануари годинава се намалил бројот на работници во индустријата.
Тој е помал за 3,2 отсто во споредба со јануари лани.
Податоците ги објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен има опаѓање од 1,3 отсто.
Во Преработувачка индустрија е регистриран пад од 3,5, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6 отсто.