Зошто Турција масовно увезува оружје од Германија?
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2016
Турција масовно увезува оружје од Германија поради бегалците.
Земјата влезе во првите десет купувачи на оружје од Германија поради засилените стравувања за внатрешна безбедност поврзани со бегалскиот бран.
Ова станува јасно од извештај на германската влада, соопшти ДПА. Во првата половина на 2015 година Турција беше на 25-то место меѓу купувачите на оружје од Германија. Во истиот период 2016 година таа се придвижи до 8-мо место, затоа што Анкара купила од Германија оружје за 74,6 милиони евра.
Зголемената побарувачка на оружје од Турција се совпадна со протокот на бегалци кои влегуваат во земјата, како и со договорот меѓу ЕУ и Турција за подобрување на условите за сместување на мигрантите, така што тие ќе бидат обесхрабрени да продолжат кон Европа.
Во моментов во Турција се наоѓаат околу 3 милиони бегалци. Речиси две третини од испорачаното германско оружје се делови за авиони, беспилотни авиони, мотори, стои во извештајот. Документот ќе биде претставен пред владата од заменик-канцеларот и министер за економија, Зигмар Габриел.