01 Јули, 2024
0.0267

Зошто Владата кратела пари од правосудството?

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Владата кратела пари од правосудството, а за себе си зела два и пол пати повеќе.

Владата ги скратила парите кои законски им следуваат на судовите и обвинителствата. Ова го регистрирале државните ревизори анализирајќи го буџетот за ланската година. Судската власт добила околу 40 милиони евра, но тоа е дури 63 отсто помалку од законски предвидениот лимит, а не постои никаков документ за причините зошто е тоа направено. Ревизорите констатирале дека на овој начин се создава ризик од непречено стабилно и долгорочно финансирање на судската власт.  Обвинителството  добило само нешто повеќе од 10 милиони евра, што е половина од тоа што им следува. 

„Средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт во износ од околу 2,3 милијарди денари претставуваат 0,3 отсто од БДП и истите се за 63 отсто помали од законски утврдениот лимит, додека за Јавното обвинителство одобрените средства во износ од околу 643 милиони денари претставуваат 0,21 отсто од средствата на Буџетот за 2022 година, иако согласно Законот за јавното обвинителство висината на средствата за работа треба да изнесуваат најмалку 0,4 отсто од буџетот на државата, доколку со тоа не се нарушува праведната распределба на буџетските средства“, констатирал ДЗР.

Ревизорите укажуваат дека е потребно да се преиспита актуелниот начин на буџетирање. Македонското судство со години трпи критики дома, но и од меѓународниот фактор. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

АВРАМОВСКА-МАДИЌ: Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено, излезени се 12.608 членови или 54 отсто

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ДЕСПОТОВСКИ: Нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

ИЗМЕРЕНИ 38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

МЕЏИТИ ДО ДУИ: Раководството да ја прифати реалноста и да се однесува како конструктивна опозиција

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

ГУЖВИ НА ГРАНИЦА: На Табановце се чека околу два часа

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово

ОГНЕНАТА СТИХИЈА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА КУЌИТЕ: Втор хеликоптер делува кај Сушево и Злеово