Зошто во Германија се бара право на оружје за самоодбрана?
Објавено во: Свет 22 Август, 2016
Лидерот на опозициската партија „Алтернатива за Германија", Фрауке Петри изјави дека поради зачестените напади на исламисти во земјата, граѓаните на Германија треба да добијат дозвола да се вооружуваат за самоодбрана.
Петри изјави дека е против новите правила за контрола на огнено оружје, кои властите ги нудат. Според него, треба да е полесно граѓаните да поседуваат оружје за самоодбрана.
„Се повеќе луѓе не се чувствуваат безбедно. Секој граѓанин треба да може да се брани себе, семејството и пријателите. Знаеме колку долго време е потребно за полицијата да дојде на местото на злосторството, особено во поретко населените области"- вели Петри.
Германија има едни од најстрогите закони за огнено оружје во Европа.