ЖРТВА НА БЕРЛИНСКИОТ НАПАД: Дошла на одмор со сопругот, ја убил терорист
Објавено во: Свет 22 Декември, 2016
Првата именувана жртва на Берлинскиот напад е Израелката Далија Елијаким, а нејзиниот сопруг Рами се бори за живот.
Тие дошле на одмор во Берлин и се шетале на базарот кога се случил нападот.
Жената починала на лице место, а Рами е во кома. Нивните деца дошле од Израел за да бидат со таткото.
Нивните пријатели се во шок, не веруваат што се случило и велат дека брачната двојка сакала да патува за Божиќ.
Шпанскиот студент Инјаки Алакурија(21) бил на неколку метри од Израелката, а нему камионот му ги скршил нозете.
„Се слушна голема врева и кога се свртев камионот беше зад мене. Немав време да побегнам. Камионот ми помина преку двете нозе“ - раскажува тој.
Италијанката Фабриција де Лоренцо, најверојатно е друга жртва на нападот, но засега се води за исчезната.
Во нападот загинаа 12 луѓе, а десетици се повредени.