ЖРТВИ НА КОРОНАВИРУС: Починаа двајца луѓе во Иран
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2020
Починаа првите двајца луѓе заразени со коронаворусот во Иран.
Починале во светиот шиитски град Ком.
Нивната смрт на Tвитер ја потврди и портпаролот на иранското Министерство за здравство, Киануш Џаханапур.
Првата држава која објави случај на зараза на Блискиот Исток, беа Обединетите Арапски Емирати во јануари. Египет првиот сличај го потврди минатата седмица, а во средата објави дека тој пациент „повеќе не го носи вирусот“. Портпаролот на СЗО Инас Хамам изјави дека тој ќе остане во карантин додека не заврши периодот од 14 дена и до целосно излекување.