(ВИДЕО) „ЅВЕР ВО ВОЗДУХОТ“: Полета еден од најинтересните авиони во светот
Објавено во: Свет 15 Јануари, 2020
Еден од најисчекуваните и најинтересни авиони во светот, Ербасовиот „Beluga XL“ , почна со првите оперативни летови.
Како што пренесува СиЕнЕн, операциите почнале на 9 јануари 2020 со што „Beluga XL“ станува еден од најголемите „ѕверови во воздухот“, во време на лесно заминување на славните Airbus A380 и Boeing 747.
Иако авионот не е наменет за обично комерцијално патување, тој ќе има значајна улога во транспортот на големите делови на авионите кои допрва ќе бидат правени и кои ќе имаат значајна улога во транспортот на патници во иднина.
Главната улога на „Beluga XL“ ќе биде пренос на големи делови од комерцијалните авиони на Ербас од местото на производство до локацијата за „составување“ во Тулуз, Хамбург и кинескиот Тјенцин.
„Beluga XL“ е изработен во шест примероци и е базиран на Airbus A330 со „надувување“ на трупите и спуштање на пилотската кабина.
Наследник е на оригиналната „Belugа“ која била во функција од 1995 година.