01 Мај, 2024
0.0384

Алексовска: Јовановска врши политички реваншизам

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Слободанка Алексовска, вработена во АВРМ вели дека од страна на ВД Директорот Билјана Јовановска од почеток на нејзиното именување во континуитет се врши политички реваншизам и деградација на државни службеници кои што не се политички истомисленици.

„Имавме повторно лажни обвинувања, изнесување на невистини со цел да се нанесе штета на угледот на раководни и стручни лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а да се покрие незаконското работење и незаконското прераспоредување на кадри од страна на СДСМ. ВД Директорот Билјана Јовановска на ден 17.08.2017 година го прекршува Изборниот Законик и Законот за јавни службенци и со Известие спротивно на Законот за општа управна постапка Раководителот на Центар за вработување на град Скопје го преместува на пет позиции пониско, како и го остава Центарот во хаос и безредие со тоа што на раководното лице му забранува да извршува надлежности од еден највисок управен акт Решение за работа и Договор за вработување. Во ист ден се носи одлука за Ревизија и се отвара инструирано дисциплински постапки против Г-ѓа Алексовска кои што како и во соопштението на Јовановска е наведено дека ќе продолжат по завршување на изборите. Целта е јасна да се избркаат од работа сите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Со прекршување на основните стандарди за вршење ревизија се прави упад во Центарот со цел да се изнесат фотокопии за да се манипулира со нив во јавноста, не е запазени стандардите и законската процедура за вршење на ревизија, а можно е и подметнување на документи, за што ќе се поведе постапка против сторителите. Извршен е и насилен упад и вербален напад по наредба на ВД Директорот Јовановска во канцеларијата на Раководителот во присуство на пет сведоци за што е пријавено и регистрирано ПС Центар и против сторителите ќе биде поведена постапка пред надлежните судови. Раководителот има добиено лични навреди и закани за што ќе биде започната постапка пред надлежен суд за вознемирување на работно место и повреда на личниот углед, неприкоснованост на животот, и право на политичко делување. Насилието и незаконското деградирање од страна на власта продолжува“ - вели таа. 

ДКСК по Приговорот на Слободанка Алексовска за прекршување на Изборниот Законик одлучи дека е основан и ја задолжи АВРМ во рок од 15 дена да достави соодветна документација. Поведена е постапка и пред други надлежни органи и институции, се вели во реакцијата. 

„Резултатите од мерките за вработување и услугите кои ги дава Агенцијата се видливи и говорат за начинот на работење на Раководните лица во Агенцијата. Центарот за вработување на Град Скопје има низа теренски активности, два саеми за вработување, форуми и посети на работодавци и невработени лица и различни посети и делегации кои се успешно реализирани и носат бенифит на граѓаните. Неосновани се и целосно неточни обвинувањата на ВД Директорката. Да нагласиме дека во Центарот за вработување на град Скопје Државниот завод за ревизија имаше извршено ревизија на работењето за 2015 и 2016 година и не е најдена забелешка во работењето на Центарот што докажува дека се изнесени лажни обвинувања“ - стои во реакцијата. 

Со овие обвинувања се одвлекува вниманието на јавноста од неисполнетите ветувања за грантови на невработените лица во износ од 10 000 евра, враќање на иселените 600 000 млади лица и отварање на нови работни места, смета Алексовска. 

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ја намали невработеноста од 36% на 22.9% и никој не може да го сокрие овој резултат со одвлекување на внимание на граѓаните. 

Новата директорка на Агенцијата за вработување (АВРМ), Билјана Јовановска, ја обвини денеска Алексовска, вработена во АВРМ на работно место Раководител на Центар за вработување на град Скопје, воедно и советник во советот на град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ, дека злоупотребила околу 9.000 евра од буџетот, купувајќи предмети за свои лични потреби.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање