02 Мај, 2024
0.0265

БЕБЕТО ВИКТОРИЈА СЕ РОДИ СО САМО 700 ГРАМА, ПО 74 ДЕНА ЗАМИНА ДОМА СО 2 КИЛОГРАМИ И 200 ГРАМА: Убава вест стигна од ГАК

Објавено во: Македонија 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, соопштија од ГАК.

-Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и беше оптоварена со повеќе ризици, а породувањето се изврши спонтано. Бебето беше родено на 04.01.2022 година, предвремено во 26 гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри и со апгар 3/5/5. На 18.03.2022 година од Клиниката за гинекологија и акушерство беше испишано со 2200 грама телесна тежина. Во периодот на престој на нашите одделенија, новороденото имаше комплексен третман. Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето. Потоа новороденото беше ставено на кислородна поддршка со неагресивна механичка вентилација до 67-от постнатален ден, со постојан мониторинг на виталните функции и кислородна заситеност со пилсоксиметрија и гасни анализи. На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и го испративме од У ГАК со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот. Новороденото беше испишано во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално, пишува во објавата на Фејсбук. 



Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање