02 Мај, 2024
0.0300

Беса и Алтернатива се уште имаат директори иако не се дел од власта

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Ја напуштија власта, но и понатаму имаат партиски членови на раководни позиции во некои државни институции. Министерот за правда Кренар Лога од редовите на Алијансата за Албанците со обвинувања за Алтернативата и Движењето Беса, дека не се откажуваат од директорските фотелји, иако, како што вели, постојано ја напаѓаат власта.

„Има околу 4-5 функционери на Беса кои се уште се на своите позиции. Има функционери на Алтернатива кои одбиваат да поднесат оставки и тоа е апсурдно, бидејќи во исто време додека овие две политички партии ја напаѓаат Владата, нивните членови продолжуваат да остануваат директори во централните институции и тоа е многу срамота“, вели Лога, пренесува ТВ21.

Под раководство на БЕСА во „Вардар филм“ на чело е Сани Саиди, а во Природно-научниот музеј на чело е Ферат Мемети.  Од Алтернатива, Насер Цури ја води спомен куќата на Мајка Тереза, Расим Али е раководител на АД „Славија“, додека Хајрула Мисини е на чело Агенцијата за поддршка на претприемништвото.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање