02 Мај, 2024
0.0302

Бесна реакција на кавадарчанец кој не му дозволиле да влијае како ќе гласа сопругата

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Кавадарчанец е обивинет за уништување на изборен материјал откако го скинал гласачкото ливче на својата сопруга  и за малку ќе ја искршел и гласачката кутија, бидејќи од изборната комисија и набљудувачите му посочиле дека не смее да и влијае за тоа како ќе гласа.

Тој откако гласал отишол кај сопругата додека таа била зад параванот со намера да си го исполни своето граѓанско право. По опомената се развикал, го земал нејзиното ливче и го искинал. Кога тргнал накај гласачката кутија, а поради страв да не ја искрши, била повикана полиција. Гласањето било во прекин околу половина час, а потоа продолжило без проблем.

Претседателот на општинската изборна комисија Кавадарци Зоран Костов потврди дека имало прекин од половина час на гласачко место. Се работело за нервозен човек кој направил испад, се заканил дека ќе ја скрши и гласачката кутија. 

Избирачкиот одбор соодветно реагирал, па откако скинал едно ливче го одвратиле од намерата да ја скрши и кутијата.  Заминал револтиран и го фрлил ливчето во канта за отпадоци, кое подоцна го нашла полицијата. По прекинот од половина час, гласањето продолжило без проблеми


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање