02 Мај, 2024
0.0282

Битолчанецот Фердо кој уби семеен насилник по осум месеци пуштен од притвор

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Битолчанецт Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого беше поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44) исто така од Битола, по осум месеци излезе од притвор.
„Правдата е конечно задоволена. Од денес Фердо после 8 месеци притвор е слободен човек со одлука на Основен суд Битола“, објави „Бабам Битола“.
Група битолчани на 23 феврураи со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде ослободен од притвор битолчанецот кој го уби Соколов поради семејно насилство и побараа инситуциите да му овозможат на осомничениот да се брани од слобода.

Починатиот Стојанче Соколов беше познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски. Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, синот на притворениот Тони Ѓоргиевски, дека тој се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

Според Обвинителството, осомничениот, на 21 феавруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал" што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање