БОГДАНЦИ ГЛАСА: Засега нема регистрирано неправилности
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2017
Гласањето на референдум во Богданци тече без проблеми.
Граѓаните се изјаснуваат „За” или „Против” продолжување со работата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината. Излезени се скоро 50% од гласачите, а во 19 часот гласањето ќе заврши.
Од општинска изборна комисија велат дека гласањето тече регуларно. Гласањето започнало навреме, во 7 часот кога се отворени 12-те избирачки места, и нема нерегуларности. Во Општина Богданци право на глас имаат 6.918 гласачи кои се запишани во избирачкиот список.
За референдумот да биде успешно спроведен неопходно е на гласањето да излезат минимум половина од избирачите, плус еден од запишаните избирачи.
Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна, а општинските власти ќе мора да ја спроведат.
На 18 месецов за рудникот Казандол, на референдум ќе излезат и жителите на општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.