02 Мај, 2024
0.0274

„Борбата продолжува, гласот победува“ - ќе се маршира на 11. октомври

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Граѓански марш под мотото „Борбата продолжувата, гласот победува“, поддржан од опозициската СДСМ, ќе биде одржан на Денот на востанието на Македонија ­ 11 Октомври.

Како што информира на денешната прес­конференцијата лидерот на СДСМ Зоран Заев, маршот е продолжување на граѓанската акција, а е инициран заедно со Вера Бунтеска од Сојузот на борците и истакнати уметници и граѓанси активисти ­ музичарите Златко Ориѓански и Бени Шакири, актерката Ирена Ристиќ, новинарот Томислав Кежаровски, спортскиот новинар во пензија Атанас Костовски и др.

- 11 Октомври е симбол на борбата за слобода, на граѓански пркос, на народно востание на победа. Затоа маршот се случува на 11 Октомври. Ја потврдуваме нашата реалност да се избориме за достоинствен живот во својата земја. Ќе маршираме за борба против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места за млади кои сакаат да останат да живеат во родната земја. Ќе маршираме за правда и правичност, за еднаквост, за граѓански глас.

Денес по 75 години од основањето на партизанските одреди нашето оружје е нашиот глас. Тоа е гласот што вели да за животот во Макаедонија и гласот што вели не за режимот, рече Заев.  Посочувајќи дека маршот е најава за промените што ќе следат, тој упати повик до граѓаните ­ поединци, здруженија, заедници, демокартски политички партии ... да се приклучат.

Останатите иницијатори меѓу мотивите за нивното вклучување на маршот, ги изнесоа борбата за Македонија како модерно општество во кое граѓаните ќе бидат почитувани, во кое, како што посочија ќе се почитуваат слобата на изразување и на размислување.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање