БОРКО СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Зошто нашиот голман „распали“ по Червар?
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018
Сега сите се чудат како јас реков дека Лино Червар го прегазило времето, а дека го прегази времето веќе одамна, уште пред десет години, знаат сите кои се во ракометот, вели голманот на ракометната репрезенатација на Македонија Борко Ристовски.
Со изјавата како хрватскиот стратег Червар го прегазило времето и како е најслаба карика на хрватската ракометна репрезентација, Борко излезе од вообичаените рамки на комуникација и им даде потврда на оние кои мислат дека времето на Лино одамна поминало. Ги нема оние, додуша, многу кои јавно тоа се осудуваат да го кажат, но Ристовски го нема тој проблеми, пренесува 24часа.хр.
-Лино веќе долго живее во минатото, не го следи развојот на модерн ракомет ,и тоа е главен проблем на вашата репрезентација. Човекот ја има во раце една од најдобрите репрезентации, врвни играчки, услови какви нема никој, има и сјајна поддршка од трибините, а прашањето е дали ќе се пласирате во полуфинале бидејќи она што Хрватска го играше во групната фаза, е далеку од вистински ракомет, тоа е ракомет каков што се играше пред 10 години-тврди Борко, кој со Червар кратко соработуваше во Металург, а односите меѓу нив двајца се „влошија“ откако хрватскиот стратег не го повика голманот во репрезентацијата на Македонија на СП во Франција која ја водеше нашата селекција.
-Брзо сфатив дека тоа е тренер кој воопшто нема спортски амбиции, неговите амбиции се самопромоција и пари. Затоа никој никогаш не се запраша како Лино никогаш не отишол да работи во некој голем клуб, туку живее во „студенилото“ на Македонија, каде за големи пари работи практично без притисок. Што и да направи тоа е голем успех. Јас не знам дали тој воопшто го следи развојот на ракометот, дали гледа Лига на прваци ...Знаете ли колкава е разликата помеѓу него и селекторот на Македонија Раул Гонзалез? Огромна. Со Лино на последното СП бевме 15, а сега ја поминавме групата, и сме на три бода до влез во полуфинале. Лино само гледаше како ќе „купи“ уште година две на клупата до пензија, а потоа, на среќа на македонскиот ракомет, го повика Хрватска.
Сепак, на изјавите на Борко, не остана должен ниту Червар.
Тој ја прифати „вербалната“ војна од Борко и рече дека не му е важно тоа што го зборува тој бидејќи само станувало збор за провокации.
„Ова е обид да ми се наруши мирот. Сите кои ме познаваат мене и него, се знаат. Јас немам никаква потреба да зборувам за него“, рекол Червар пред новинарите.
Ристовски вели дека е воодушевен од играта на нашата репрезентација, но верува дека има уште простор за напредок. Посебно во пеколна атмосфера која ја создаваат навивачите кои ги следат.