07 Мај, 2024
0.0309

Дали пандемијата ќе ги поскапе занаетчиските услуги?

Објавено во: Економија, Корона Вирус 04 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Занаетчиите продолжија со работа, но покачување на цените на занаетчиските производи и услуги  нема, вели Анета Атанасовска, од Комора на занаетчии Скопје.

Објаснува дека сега занаетчиите работат со истите цени и со дополнителни трошоци за заштитна опрема, маски, ракавици  и средства за хигиена и  дезинфекција, која што задолжително мора да ја користат, за да обезбедат услови за вршење на дејност.

„Занаетчиите не ги покачија цените од причина што се свесни дека клиентите не се во можност да платат повеќе  поради кризата од пандемијата со која се соочуваат како бизнисите така и граѓаните. За периодот додека не работеа или вршеа дејност со намален обем на работа, загубата не може да ја надоместат со зголемување на цените на услугите или производите кои ги нудат, тоа не е решение на проблемот. Поголем проблем се јавува во наредниот период додека трае кризата од пандемијата со коронавирусот, и се јавува прашањето како ќе ги одржиме занаетчиските бизнисите ликвидни во ситуација кога имаме намален обем на работа, и намален приход. Финансиската поддршка за самостојните вршители на дејност согласно уредбата се однесува за април и мај 2020 година, и со тоа завршува во рамки на вториот пакет мерки на Владата“, изјави Атанасовска.

Но, во периодот кој следи и самите занаетчии не знаат дали работата ќе се нормализира или ќе има пад.

„Сега засега нема покачување на цените, затоа што за тоа нема услови. Ние не работевме, но и другите луѓе не работеа во меѓувреме. Кога требаше да работиме бевме затворени, така што испуштивме многу матури, свадби. Сега имаме намалување на обемот на работа за 30 до 40 отсто, а како ќе биде понатаму и дали ќе има зголемување на цените на услугите, времето ќе покаже“, вели фризерка.

Кон крајот на март занаетчиите се пожалија дека се пред крах.

Поради вонредната состојба дуќаните им беа затворени.

Само во регистарот на Занаетчиска комора Скопје се регистрирани 2.000 активни занаетчии од најразлични дејности, бројка која не е за занемарување.

Македонија уште е во вонредна состојба, а бројот на заболени од Ковид-19 последниве денови расте.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката