Додевски без одговор каде се наоѓа Сеад Кочан
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017
Адвокатот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, Никола Додевски денеска не сакаше да коментира каде се наоѓа неговиот клиент и кои се следните чекори на одбраната.
Бизнисменот Сеад Кочан осомничен во случајот „Труст“ веќе 12 дена не е достапен на органите на прогонот, а на сила е и меѓународна потерница за негово приведување за да се однесе во притвор.
Никола Додевски како претседател на адвокатската комора денеска оствари средба со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и посочи дека одговори за неговите клиенти ќе дава во друга пригода.