08 Мај, 2024
0.0257

ДУИ до последен момент ќе решава дали со Груевски или мандатот ќе пропадне

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра денеска во седиштето на партијата во Мала Речица, за да решава за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада.

Од ДУИ засега не ги пуштаат новинарските екипи да снимаат, ниту пак најавуваат дали ќе дадат изјава или ќе има соопштение во врска со одлуката за можна коалција.

Голем број на новинарски екипи се собрани во една од просториите на објектот на ДУИ во Мала Речица и очекуваат каква било информација.

Портпарол на ДУИ, Бујар Османи синоќа изјави дека најважно е одлуката да биде добра, наместо навремена.

– Ние сме свесни за роковите, за целата ситуација, и посакуваме да се најде решение за да постигнеме политичка стабилност, но првично и важно е одлуката да биде добра, наместо навремена – изјави Османи.

Синоќа во Мала Речица претседателот на ДУИ, Али Ахмети разговараше со потпретседателите, по што разговорите продолжуваат и денеска.

Рокот за состав на нова влада истекува утре (29 јануари) кога мандатарот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, треба да соопшти дали и со која партија ќе формира коалиција./Мета


Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија