01 Мај, 2024
0.0299

ДУИ и СДСМ со меѓусебна поддршка во првиот круг - ова се сигурните општини

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

ДУИ се подготвени да ја дадат својата поддршка за Максим Димитриевски, кандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. ДУИ во градот на северот нема да кандидира свој адут, туку само ќе предложи своја советничка листа, па така се очекува уште во првиот круг ДУИ и нејзините симпатизери да гласаат за Димитриевски во Куманово.

ДУИ ќе очекува поддршка од СДСМ во првиот круг во општините Чаир, Тетово, Гостивар и други важни места во локалната самоуправа, а за возврат интегративците најверојатно ќе го поддржат Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на град Скопје.

Претходно премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ посочи дека гарантирана е поддршката за кандидатот на ДУИ во Чаир кој е всушност и поранешен заменик министер за обрзование. За останатите кандидати СДСМ ќе даде условена поддршка, односно потребно е истите да покажеле досега резултати како и перспективи за развој доколку победат на локалните избори.

Засега нема никакви официјални најави за можна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со некоја од албанските партии иако се претпоставува дека можна е неофицијална поддршка со БЕСА во повеќе општини. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање