08 Мај, 2024
0.0257

ЕЦБ подготвува драконски правила за нефункционални кредити

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Европската централна банка (ЕЦБ) планира да побара од банките во еврозоната да одвојат доволно средства за покривање на 100% од нефункционални кредити за неколку години. Ова се рефлектира во нацрт документот што Ројтерс го има на располагање.

Банките во еврозоната имаат проблематични кредити за речиси 1 трилион што ги попречува нивните биланси и го задржува кредитирањето. Тоа е голем проблем за ЕЦБ, бидејќи ги компензира ефектите од стимулациите на централната банка, со кои таа се обидува да ја поддржи економијата.

ЕЦБ со години се обидува да ги принуди доверителите да се ослободат од нефункционални кредити и новите правила се дел од пошироката стратегија за зајакнување на притисокот врз финансиските институции, забележува новинската агенција.

Од 1 јануари банките ќе имаат две години да ги соберат потребните резерви за нефункционални кредити и седум години да го покријат целото портфолио од долгови, се гледа од документот.

ЕЦБ одби да даде коментар за нацрт-документот, датиран од 1 септември. Таа планира да биде објавен утре (4-ти октомври).

Банките во еврозоната во првиот квартал имаа доволно пари за покривање на 45% од нивните нефункционални кредити.

Новите правила можат да се претворат во голем проблем за Грција, Италија и Кипар, бидејќи банките во трите земји држат најголем удел од овој вид на кредити во еврозоната.

Сепак, во документот се наведува дека упатствата најверојатно нема да бидат задолжителни. Од банките ќе се бара да пријават било какви отстапувања и да поднесуваат извештаи до супервизорите.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката