30 Април, 2024
0.0267

ЕКСКЛУЗИВНО: Имало депозити поврзани со перење пари, со привилегирани камати, и на членови на одбори - тие нема да добијат ни денар обесштетување

Објавено во: Економија 04 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Фондот за осигурување депозити конечно вчера во попладневните часови го доби од стечајниот управник Душко Тодевски списокот со штедачи од Еуростандард банка кои треба да бидат обесштетени.

Веќе од денеска ќе се прави распоред на штедачите по четирите банки кои се одредени за преку нив да оди обесштетувањето. Денеска интензивно ќе се работи на распоредувањето на штедачите, за веќе во понеделник списоците да бидат доставени поединечно до четирите банки.

„Денеска ќе работиме интензивно, а доколку не успееме да завршиме, ќе работиме и за време на викендот, се со цел списоците дефинитивно да бидат распоредени до понеделник по соодветните банки“, вели за Фактор Борче Хаџиев, директор на Фондот за осигурување на депозити.

Потоа, на банките ќе им бидат потребни четири дена за процесуирање на списоците во нивните системи.

„Тоа значи дека обесштетувањето ќе почне веќе во петок идната недела“, објаснува Хаџиев, нагласувајќи дека овде не станува збор за задоцнување, бидејќи Фондот веднаш штом го доби списокот, во најбрз можен рок пристапува кон старт на обесштетување на штедачите.

Инаку, вчера Фондот за осигурување депозити преку детално соопштение ги извести штедачите како ќе тече обесштетувањето, што се треба да знаат и преземат, како и на фактот дека обесштетувањето преку банката во која ќе бидат распоедени ќе трае цели три години, а и потоа, нивните пари нема да бидат изгубени, туку ќе можат да си ги земат преку Фондот за осигурување депозити.

Инаку, како што и веќе беше објавено, преку Фондот ќе се обесштетуваат околу 139 илјади штедачи.

СУМАТА ЗА ОБЕСШТЕТУВАЊЕ Е НАМАЛЕНА ЗА 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА

Според сознанијата на Фактор, соред последниот список што Фондот го добил од стечајниот управник, намалена е сумата на обесштетување, во споредба со онаа што првично се планираше според тогаш достапните податоци.

Односно, ако првично се најавуваше дека за обесштетувањето треба да се потрошат 4,4 милијарди денари од Фондот, или 71,5 милиони евра, сега, според последниот прочистен список од стечајниот управник, ќе треба да се испалти помала сума, односно 4,2 милијарди денари, што значи дека таа се свела на 68,2 милиони евра. Односно, сумата на обесштетување е намалена за 3,3 милиони евра.

Како дојде до топење на сумата за обесштетување за 3,3 милиони евра?

Според нашите сознанија, овој список е „прочистен“ по неколку основи, и тоа го намалува конечниот износ.

Прво, на оние депоненти што имале и обврски кон банката, или пак, кредити, за таа сума им е намален износот од влогот што треба да го земат како обесштетување. Ова во неколку наврати беше споменато и од Фондот за осигурување депозити, и од стечајниот управник.

Второ, како што објаснуваат наши извори од Фондот, а тоа е и според законските прописи, воопшто не се обесштетуваат депозити на членови на Управниот и Надзорниот одбор, како и на нивни блиски роднини од прв степен, а во Еуростандард банка имало и такви депозити. Ова значи дека тие нема да земат ни денар за обесштетување од Фондот за депозити.

КОЈ ШТЕДЕЛ СО ПРИВИЛЕГИРАНИ КАМАТНИ СТАПКИ

Трето, воопшто нема да се обесштетат оние депозити кои биле поврзани со перење пари, за случаи за кои тоа е докажано со документи од Управата за финансиско разузнавање, и се донесени и судски пресуди. Тие депозити кои постоеле во банката, воопшто нема да бидат обесштетени.

И четврто, нема да се обесштетуваат депозити кои се чувале со привилегирани каматни стапки, односно повисоки камати од оние кои се официјални на банката и кои таа ги има објавено на својата веб страница и важат за сите клиенти.

Како што е познато, такви привилегирани повисоки камати добиваат штедачи кои вообичаено имаат значајно повисоки штедни влогови, кои со банката си склучуваат посебни договори за привилегирани каматни стапки. Според нашите извори, тие штедачи нема да добијат ни денар од обесштетувањето, без разлика колкава сума штеделе во банката.

„Ако некој депонент си штедел по редовна каматна стапка, без разлика колкава сума имал, тој секако од Фондот ќе добие 30 илјади евра. На пример, чувал во банката 50 илјади евра, и си штедел по редовната каматна стапка, тој од Фондот ќе добие 30 илјади евра, а остатокот од 20 илјади евра ќе го побарува од стечајната маса. Но, доколку штедел со привилегирана камата, без разлика колку и да му изнесувал влогот, согласно правилата, нема да добие ни денар од Фондот за осигурување депозити“, објаснуваат од Фондот.

БАРААТ ПОМОШ ОД ВЛАСТА, НО И ОД ПАРТИИТЕ

Инаку, токму штедачите кои имаат износи над 30 илјади евра, оние 780 штедачи, повикуваат Владата да им помогне за надминување на нивните проблеми, а на таа тема завчера имаа и средба со премиерот Зоран Заев, од каде беше најавено дека Владата ќе ги разгледа нивните предлози.

Тие, пак, побараа од политичките партии да не ги користат нивните маки за меѓусебни обвинувања, туку да им помогнат за надминување на нивните проблеми.

Фактор, пак, од овие 780 штедачи, чие здружение така и се вика, неколку пати побара да позборуваат отворено за нивните проблеми, но досега не добивме одговор.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место