ФОНД ЗА ДЕПОЗИТИ ДО ШТЕДАЧИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД - обесштетувањето преку банките ќе трае цели три години
Објавено во: Финансии 03 Септември, 2020
Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека е склучен договор со банките-исплатувачи.
Во текот на следните денови, Фондот преку соопштение до медимуите и јавноста ќе ги извести депонентите за точниот датум на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи и за распоредот на депоненти по банки - исплатувачи.
Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката за да го оствари правото на обесштетување. Со тоа се постигнува депонентите да не чекаат одделно за подигнување на потврдите од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај.
Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.
Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.
Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на Полномошно заверено од нотар.
Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.
Банките-исплатувачи преносот на средствата на обесштетување ќе го вршат на следниот начин:
- Доколку износот на обештетувањето е еднаков или поголем од 5.001,00 денар, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот во банката-исплатувач.
- Доколку депонентот нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач, истата ќе биде отворена согласно законските прописи. По отвoрање на сметката, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот.
- Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000,00 денари, банката-исплатувач од наменската сметка на Фондот во банката-исплатувач ќе изврши готовинска исплата на средствата за обесштување, доколку депонентот до тој момент нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач.
Во случај депоненот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.
Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на обесштетувањето во рок од 36 месеци од денот на почеток на исплатата.
По истекот на овој временски период депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.