ОШТЕТЕНИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА БАРААТ СПАС ОД ЗАЕВ - Владата ќе ги разгледа нивните предлози
Објавено во: Македонија 02 Септември, 2020
Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, се сретнал со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од Еуростандард банка.
Од Владата соопштија дека на состанокот се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на Еуростандард банка и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.
Премиерот Заев најави дека предлозите ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека претставниците на Иницијативниот одбор ќе добијат повратна информација.
„На состанокот е поздравена отвореноста на премиерот Заев и на Владата за средба, со цел разгледување на проблемот и можните решенија“, соопштија од Владата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.