02 Мај, 2024
0.0315

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ ЗА ПРЕПОЛНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ: „Мачките, мувите, стаорците ја разнесуваат заразата низ градот“

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Епидемиологот, Драган Даниловски посочува дека преполните контејнери кои со денови не се расчистени претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето. Вели дека мачките, кучињата скитници, мувите, стаорците, разнесувајќи го ѓубрето насекаде, заедно со бројни причинители на опасни заразни заболувања, може да придонесат за несогледливи здравствени ризици за жителите на градот.

Ова е неговата целосна објава на Фејсбук: 

МИЈАЗМА*

Токму кога пандемијата на КОВИД-19 сѐ повеќе почна да се повлекува од свесниот видокруг на нашето секојдневие, наеднаш, се најдовме среде нов предизвик. Додуша, од локален карактер – скопски!

Метрополата, пред три дена, осамна затрупана во ѓубре по улиците, среде лето – небаре е некој средновековен град, кога граѓаните едноставно си го истурале ѓубрето под пенџери.

И под пеколното сонце, почна реа од распаднати органски материи да се шири низ градот, неумоливо продирајќи во секоја пора на градот. И во секоја клетка на сѐ што е живо...

„Мијазма“ во 21 век!

Истовремено, светот – оној свет вон нашиов средновековен меур – крши копја околу придобивките и ризиците од вештачката интелигенција, испитува можности за продолжување на човечкиот век, (наспроти турбуленциите предизвикани од сурова војна среде Европа)...

А ние? Ние се занимаваме со ѓубре! Ќе рече некој... ова е спин-настан, намерно предизвикан да го сврти вниманието од други болни случувања кај нас...

Небитно е и сеедно е која е заднината. „Мијазмата“ е тука. Опиплива и смрдлива! Рај за мачки и кучиња скитници. И за роеви муви. И птици мршојадци. И за глувци и стаорци! Тие, најдени во неверување, наеднаш соочени со можност за гозба, го разнесуваат пленот наоколу. Заедно со причинители на опасни заразни болести... со несогледливи здравствени ризици за жителите на градот.

Велат, „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Ќе да е така. За среќа, оваа најновата, срeдновековната, трае(ше) само три дена, а не три години (ако се точни информациите дека причините се надминати). И сигурно ќе стивнат турбуленциите постепено. Мијазмата ќе испари... И ризиците по здравјето ќе избледат...

Но, останува за мене нејасно: Зошто никој - ама баш никој - од надлежните институции не се огласи со ниту еден збор? Макар со куси препораки до граѓаните за заштита на своето здравје...

-----------

*μίασμα (miasma) – загадување


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање