Ербас трпи огромни штети, за три месеци загуба од скоро половина милијарда долари
Објавено во: Економија, Свет 29 Април, 2020
Компанијата „Ербас“, денеска објави нето загуба од 481 милиони евра, при што менаџментот нагласи дека ова е директна последица од штетното влијание на пандемијата на корона вирусот врз економијата на глобално ниво, но во овој случај и директно врз сметка на „Ербас„
Во првото тромесечие од оваа година, приходот на „Ербас“ се намали за цели 10,6 милијарди долари, што претставива 15,2 отсто помалку, во споредба со истиот период лани,а во нивното соопштение наглсуваат дека тоа е се должи на целокупното опкружување кое негативно влијае во секторот на цивилното здухопловство.
Европскиот производител на авиони, од почетокот на 2020 година, откако светот се бори со пандемијата испорача 40 авиони помалку во споредба со првото тромеселие во 2019 година.