05 Мај, 2024
0.0421

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mинистерката Тренчевска му одговори на Владиката Петар, ги понижувал и омаловажувал жените

Објавено во: Македонија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

ТРЕНЧЕВСКА СО ОДГОВОР ДО ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска реагираше на велигденското послание на владиката Петар за родовата еднаквост.  Taa му порача дека „не е време за инквизиција“.

- Ама Владико тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш. Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51% од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството, објави Тренчевска на социјалните мрежи.

ТВ „Преобразба“ на Владиката Петар кој од вчера повторно е во центарот на вниманието поради неговото велигденско послание во кое го нападна феминизмот, а родовата еднаквост ја нарече изопаченост, треба да зрачи во етер од 1.мај.

МНР БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ

"Почитувани, изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО - ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници. 

Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи пишува дека според амандманот на Уставот на Македонија, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

ТЕТОВСКИОТ АНЕСТЕЗИОЛОГ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЛИЦЕНЦА ДО 7 ГОДИНИ

Лекарската комора на македонија денаска на прес-конференција соопшти дека обвинителот на Судот на честа на Лекарската комора до овој Суд достави обвинение против доктор Ваљтон Дервиши, анестезиолог вработен во ЈЗУ КБ Тетово кој снимаше пациенти, со предлог да му се изрече мерка за времено одземање на лиценцата за работа.

- Согласно процедурите и правилниците, денеска итно се одржа вонреден состанок на Комисијата за етички и правни прашања. По детална расправа и разгледување на случајот, комисијата донесе едногласна одлука за покренување постапка пред Судот на честа на Лекарската комора. Обвинителот на Судот на честа, по разгледување на пријавата, ја прифати и до Судот на честа на Лекарската комора, достави обвинение против доктор Ваљтон Дервиши, анестезиолог вработен во ЈЗУ КБ Тетово, со предлог судот на честа, да му изрече мерка, за времено одземање на лиценцата за работа. Согласно правните регулативи, обвинението му се доставува на докторот, информираше на прес-конференција претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова.

Н1 ЈА ПРЕСМЕТА ПЛАТАТА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА

Градоначалниците на десетте најголеми градови во Србија заработуваат во просек два и пол пати помалку од нивните колеги во Словенија, покажуваат податоците до кои дојдоа новинарите на порталот N1 од регионот со споредување на имотните мапи на функционерите.

Просечната плата на градоначалниците на десетте најголеми градови во Словенија е 2.555 евра, во Хрватска е нешто помала и изнесува 2.422 евра, додека просечната во Босна и Херцеговина е 1.934 евра. Градоначалниците на најголемите градови во Србија имаат најниска просечна плата на територијата на поранешна СФРЈ - 1.092 евра.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Зголемена транспарентност, подобро следење на резултатите од ревизиите, како и поголема финансиска независност за државните ревизори. Ова се дел од целите кои треба да се постигнат со новиот Закон за државна ревизија. 

Куманово 12, Гостивар осуммина, Штип двајца, Пробиштип еден... Некаде повеќе, некаде помалку, но општините дефинитивно не престануваат со вработувања.

АД ЕСМ во текот на минатата година се задолжил со 961.175.000 денари, или со 16 милиони евра, кај две домашни деловни банки, а кредитите биле подигнати за тековна поддршка.

Повеќе од половина милион евра од овие пари ќе останат во Македонија кај акционерите – физички лица. Околу 10 отсто од овие пари ќе ги земе државата за данок, а околу 10 милиони евра се дивиденда за извоз кај доминантниот акционер „Титан Цемент Недерландс Б.В“. 


Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско