01 Мај, 2024
0.0283

Гардијан: Руски шпиони и дипломати биле вклучени во провоцирање раздор во Македонија

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Руски шпиони и дипломати биле вклучени во напори за ширење пропаганда и провоцирање раздор во Македонија. 

Ова било дел од пошироки регионални напори за спречување на балканските држави да му се придружат на НАТО, пишува  британскиoт весник Гардијан. 

Руските и српските напори допринесоа за долгорочната политичка и етничка криза во Македонија, пишува Гардијан.

Овие активности почнале во 2008­ година, пишува весникот повикувајќи се на документи од македонската Управа за безбедност и контраразузнавање, кои ги добила Мрежата за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна истражувачка платформа на 24 истражувачки организации, медиуми и голем број новинари од цел свет. 

Сознанијата произлегуваат од документи од тајните македонски служби и ги опишуваат и напорите на српското разузнавање за поддршка на анти­западните и про­руските националисти во Македонија.

Руските разузнавачки активности се спроведуваат од нивната амбасада во Скопје преку три агенти на руското надворешно разузнавање (СВР), набљудувани од станицата на СВР во Белград, како и преку четворица воени разузнавачи координираи преку Софија, Бугарија, тврдат документите. 

Руските агенти работеле и на регрутирање сегашни и поранешни припадници на Македонската армија и еден министер за внатрешни работи со цел да креираат „критична маса од воено обучени лица кои во одреден важен политички момент или ситуациија би биле корисни за постигнување на руските интереси“, стои во еден од документите, но истите не откриваат дали овие обиди биле успешни. 

Руските агенти преку парични фондови се обиделе да влијаат и врз македонски медиуми, но и медиуми на албански јазик во Македонија со цел „да шират информации и дезинформации за поддршка на руските политики“. 

Документите покажуваат дека во Собранието вечерта на нападите бил присутен и српски разузнавач. Според нив,  македонските тајни служби повеќе од една година ги следеле активностите на Горан Живаљевиќ, агент на БИА и воедно дипломат во амбасадата на Србија во Скопје. Според нив, тој од 2015 година работи на тоа да ги успорува евроатланските интеграци на Македонија по инструкции на Белград. Документите покажуваат како Живаљевиќ му дава инструкции на Иван Стоилковиќ, про­руски пратеник во македонскиот Парламент.  Тој е претседател на Демократската партија на Србите во Македонија и коалиционен партнер на ВМРО-­ДПМНЕ. Живалевиќ и Стоилковиќ често се среќавале “секогаш кога требало да се донесат важни одлуки во Парламентот или пред состаноци во Владата“, се вели во документите. И двајцата се фатени како заговараат медумска пропаганда против опозицијата во Македонија во медиумите во соседна Србија. Овие медиуми вршеа анти­западна пропаганда тврдејќи дека Западот сака да ја уништи Македонија и да создаде Голема Албанија директно давајќи му поддршка на Груевски и ВМРО­-ДПМНЕ. Често тврдеа дека ако Заев го добие мандатот за Влада во Македонија ќе има војна.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски