30 Април, 2024
0.0268

Германците повторно незадоволни, 13 инвеститори бараат поголема државна помош

Објавено во: Економија 21 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во последната анкета, специјална за корона-кризата, што ја објави комората на германските инвеститори во Македонија направена во јули, најмногу проблеми на компаниите им предизвикуваат недоволните субвенции од страна на државата. До ваков заклучок дошле 13 од 18 испрашани германски инвеститори во испитувањето што го спроведе AHK World Business Outlook, а го поддржа Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

Ниту една компанија од репрезентативните не планира да го зголеми бројот на вработувања оваа година, односно дури 44,4 отсто од нив рекле дека бројот на работници во тие компании ќе се намали, а половина не планираат промени во врска со бројот на вработени. 

Инвеститорите, покрај недоволната државна помош, во голем дел се пожалиле и на државниот долг, којшто е во пораст и на политичките услови. Исто така, за 55,6 отсто од компаниите загрижувачко е прашањето во поглед на предизвиците со коишто се соочува здравствениот систем, како и недостатокот на странски инвестиции (50  проценти). 

Дури 83,4 од анкетираните  германски компании очекуваат намалување на нивниот промет во Македонија. Корона-кризата влијае и на инвестициските планови на компаниите и половина од нив ќе го намалат инвестирањето, а само 11,1 отсто ќе го сголемат во текот на 2020.

Дури 72,2 се оптеретени со откажувањето на нарачки, но и со намалување на побарувачката на продукти и услуги, ограничувањата за патувањата. Проблем со одржувањето на ликвидноста имале само 44,4 проценти, а исто толку и со одложените, и откажани инвестиции.

Како најприоритетни, дури кај 82,4 проценти од нив им било комората која ги застапува да издејствува поголеми субвенции од државата во која инвестираат. Повеќе од една третина од нив очекува комората преку државата да им издејствува олеснување при ограничувањата за патување, а помал дел сакаат уште подобри промени во царинењето и при барање на нови добавувачи, бизнис-партнери и клиенти 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година