Гласањето во Богданци заврши, резултати околу 21 часот
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2017
Во општина Богданци заврши гласањето на референдумот за рудникот Казандол.
Според податоци од Општинската изборна комисија, до 18 часот излезноста била 55,9% што значи дека референдумот е успешен.
Резултатите од референдумот се очекуваат околу 21 часот.
Жителите на Богданци денеска на референдум се изјаснуваа дали се за или против изградбата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината.
Прашањата за кои се изјаснуваа се: „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање рудници на територијата на општината?“.
Во избирачкиот список се запишани вкупно 6.918 гласачи, а се гласаше на 12 избирачки места.