02 Мај, 2024
0.0286

ГЛИСЕРОТ ОД КАЛИШТА: Данајски дар против угледот на црквата!

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Екстра луксузниот глисер од неколку стотици илјади евра кој заврши на чување кај монасите во Калишта предизвика бура од реакции во јавноста. Иако глисерот  е  сопственост на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, останува  отворено прашањето за каква намена би им користел на монасите и дали се совпаѓа со нивната служба и мисија. 

Универзитетскиот професор и поранешен претседател на Комисијата за верски заедници, Цане Мојаноски  вели дека несомнено е дека има „пловен објект“, кој се наоѓа во манастирските води и кој можат да го користат и црковните лица. Објаснува дека станува збор за „данајски дар“, кој треба да и „помогне“ на Црквата, да ги види предностите на модерната технологија, но при тоа треба да има повод и материјал според кој, ќе може да се каже дека тоа што Вие го имате како Црква, не е ориентирано кон духовните, туку кон овозмските ѓаволски работи. Всушност според професорот Мојаноски  тој е „каменот“ со кој може да се руши угледот на Црквата.

”Ако зборуваме за впечатокот тој е негативен. За многу прашања немам одговор. Ќе споменам некои од нив. Едно од прашањата на кое немам одговор е дали “набавувањето на суперлуксузниот глисер“, поред пишувањето на медиумите или „пловен објект кој е сопственост на фирмата ,,Сис Травел Груп”, донесен на чување во манастирот Калишта“ според демантот од Скопската православна епархија е добро концепирана и филигрански пресметана пропагандна алатка, односно „бомба“ која ќе го пренасочи вниманието од обвинителните акти покренати во судот, за поединци носители на власта од претходниот режим, или од расипничката, дилетантска политика во изградбата на патишта и одлуките кои ги носеле лицата во институциите. Да не заборавиме, се што има стручна и професионална одговорност за одлуките што се носени во органите и денес е на работа во државните органи. Треба ли некој да го отвори прашањето на стручната и професионална одговорност? Пренасочувањето на вниманието е потврден облик на избегнување на одговорноста”- вели професорот Мојаноски. 

Давањето согласност да се користат водите на манастирот Калишта, според него само индицира дека во Црквата тешко се дистанцираат од „данајците“ и им веруваат тогаш кога им носат дарови. Дополнително професорот Мојаноски  смета дека  Црквата е ставена во ситуација и таа да претставува простор за меѓупартиска пресметка.

“Овој настан, исто така, треба да се набљудува иаспект на недоволно јасната линија и став на црковните структури меѓу верското и партиското, меѓу вредносните ориентации на црквата и на одделни партиски структури, или ешалони во македонската политичка сцена. Пројавувањето на лица од високата црковна ерахија пред здруженија и состави кои користат симболи или називи на личности за кои постои поделеност за нивната улога и значење, посебно поврзувањето на овие структури со партиски инсталации во земјата, несомнено ја доведуваат положбата на Црквата во ситуација и таа да претставува простор за меѓупартиска пресметка. Поединци од високиот црковен клир, Црквата ја ставивија на тацна и таа постана дел од меѓупартиската пресметка во Република Македонија. Недистанцирањето од нив, на еден и ли друг начин ја стави Црквата во „барабанот“ на меѓупартиската пресметка”- додава екс претседателот на Комисијата за верски заедници”- потенцира професорот.  

Нема одговор  ниту  на прашањето, дали во земјата се создава слика за тоа дека „новата власт“ не ја поддржува Црквата и нејзината ерахија и во што е суштината на играта?

“Немам одговор како тоа со наши пари од даночните обврзници разни началници, команданти на единици, бригади, испостави и други носители на должности во државните органи за внатрешни работи, одбрана, финасии, екологија, труд и социјала и други возат луксузни и скапи автомобили, а никој во ова општеството не го отворил тоа прашање? Овие денови читавме дека едно возило во сопственост на државата, со години стоело „заборавено“ на ледина. Дали на тој начин се пренасочува вниманието? Овде станува збор за народни пари. Кај Црквата за пари на верниците. Не ми е идејата да ги „амнестирам“ од Црквата, тие имаат таков третман во медиумите и општеството затоа што тие така ги тераат работите. Но, е некоректно  да зборувате за извртени вредности на едно место, а другите да ги ставате под тепих. Ние сме општество во кое повеќе се цени и вреднува „нечесноста“ и се заборава дека денес да си чесен значи да си „будала“, дека не те бива, дека имаш недостаток. Погледнете околу себе и ќе се уверите”- нагласува професорот Мојаноски. 

Спомнувањето на некои луѓе од бизнисот и изградената перцепција за нивните бизниси според професорот  само укажува, поточно индицира, дека овде Црквата е „каменот со кој треба да се избрка зајакот од грмушката“, но и тоа дека луѓето од Црквата кога носат одлуки,макар, како што велат во демантот „на чување во манастирот Калишта“, немаат реална проценка дека влегуваат во процепот или на просторот каде што „се бијат слоновите“. А една поговорка вели „таму каде што се бијат (тепаат) слоновите, најмногу страдаат мравките“.

Ако сака Црквата да се зашити од нападите и медиумската дебата таа мора да се отври. Затоа вели ако погрешле да се извинат и побараат прошка, а ако се обидуваат да ги покријат грешките ќе останат само лошите слики и впечатоци.

 Во Македонија подолго, вели Мојаноски, по разни поводи, се третира Македонската православна црква, која на еден или друг начин е заплисната од негативните практики поврзани со расипништвото, култот кон материјалните вредности, па се до креирање на слика дека таму „лежи зајакот“, на се што црно во оваа земја. 

“Лично мислам дека таа претстава се наметнува за разни домашни и странски потреби.Жал ми е што во таа организација не се поработи и наметне претстава за посветеноста кон духовните вредности и ќе се избегне опасноста да се наоѓаат во просторот на меѓупартиската пресметка. Кога слушате вести за тоа како, колку и за што трошеле државните функционери, колку ќе не чинат нивните погрешни политики и нивните “проекти“ од типот на „Скопје 2014“, навистина на Човек тешко му паѓа што со одделни постапки Црквата е ставена во овој контекст за милионски суми, сметки и задолжувања. Сакам да верувам дека тоа што го соопштиле во Демантот е вистина. Се друго што ќе се каже може да е непродуктивно и неетичко”- порачува универзитетскиот професор. 

Нам вели ни останува да бараме јасен и транспарентен одговор,без ракавици. Предмет на дебата е институција чиј заштитен знак се духовните вредности. Се друго е второстепено.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање