Граѓаните да не паничат - во Скопје се снима серија и ќе има пукање со огнено оружје
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2022
Полицијата соопшти дека продуцентот на играната серија „Бистра вода“ ги известил за снимање на сцени во кои ќе биде употребено огнено оружје.
Снимањето ќе биде вечерва (21.10.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот во објект на ул. „Владимир Полежановски“ во Скопје.