ИАКО ГО ДИГНАЛЕ БАНКОМАТОТ ВО ВОЗДУХ, ПАРИ НЕ ЗЕМАЛЕ: МВР со детали за бомбата во Бутел
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2023
Иако поставиле експлозив на банкомат и го дигнале во воздух, крадците не успеале да земат пари од него.
Утринава пред четири часот, било пријавено дека во Бутел на банкомат е поставена бомба, но пари не земале.
Сепак, од детонацијата се уништени дури три возила.
- На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила.
Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопштуваат од МВР.