01 Мај, 2024
0.0300

Иванов: Излез од кризата ќе има ако се деблокираат евроинтеграциите

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов во синоќешното обраќање на свечениот прием за учесниците на 15. Есенска сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што се одржа во Музејот на македонската борба изјави дека блокадата на европската и евроатлантската интеграција на државава стана една од главните причини за постојаната политичка криза што, како што тој смета, кулминираше годинава и со тоа, последиците од блокадите станаа причини за нови блокади.

- Верувам дека предвремените парламентарни избори ќе бидат излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат интеграциите. Само со отворање на европските перспективи за македонските граѓани ќе се излезе од маѓепсаниот круг на политички кризи и недоверба, рече Иванов.

На ОБСЕ, како што посочи Иванов, му беа потребни речиси четири долги години за да ја прифати реалноста на македонската државност и позитивно да одговори на нашето барање за членство. 

- Иако бевме неправедно блокирани не се откажавме од ОБСЕ бидејќи длабоко верувавме во исправноста на принципите на демократијата, човековите права и слободи, правото на човечкото достоинство, почитувањето на меѓународното право и владеењето на правото како услов за добро европски стандарди, критериуми и вредности, рече Иванов на собирот.

Есенската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ почна на 29 септември, а завршува денеска. Станува збор за најголемиот меѓународен парламентарен настан организиран во историјата на Република Македонија, со учество на делегации од 51 земја­членка во ОБСЕ, 370 пријавени учесници, од кои 220 пратеници.


Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски