01 Мај, 2024
0.0282

ИВАНОВ ПРИТИСНАТ ОД СИТЕ СТРАНИ, Локалните избори под знак прашање!

Објавено во: Македонија 07 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Шефот на државата не се одзва на пораките од Брисел, НАТО и САД.

Вообичаен молк од шефот на државата кој иако притиснат од сите страни не го дава мандатот на опозицијата која обезбеди парламентарно мнозинство.

И додека потписите беа услов, сега причина е платформата која според Иванов значи уривање на државата, додека создавачите на истата пак тврдат и сто пати потенцираа дека во неа нема ништо што го допира Уставот или ја задева унитарноста и суверенитетот на државата.

Од ДУИ  вчера уште еднаш повторија категорично дека Груевски предизвикува нетрпеливост.

Синоќа истече рокот и на локалните избори кои со тоа се ставија под знак на прашање со оглед на тоа дека не е избран претседател кој треба да ги распише.

Кабинетот на Иванов молчи и за ова прашање, а се шпекулира и за прогласување на вонредна состојба.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вели дека Македонија мора да се врати на почитување на уставниот поредок.

„Иванов мора да го предаде мандатот на Заев кој ќе ја констуира новата влада“, вели Шилегов.

Од СДСМ потенцираат дека Никола Груевски изгубил допир со вистината и дека е во заблуда дека е поважен од Уставот на Македонија.

„Тоа е неприфатливо и недопустливо Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилство само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја изгуби власта“.

Сите прсти вперени во Македонија

Притисокот од надвор е голем за Македонија.

Како земја сме сместени во кошот на Балканскиот полустров кој важи за буре барут кое никако да се култивира и претвори во оаза на мирот и просперитет, каква што е да кажеме Скандинавија. Баш како во театарска претстава, а потоа и на филм доволна е и најмала искра да доведе до катастрофа.

И додека западните земји учат од историјата овде историјата се повторува во циклуси и воени барабани никако да се затишаат. Во таа смисла, пишуваат светските медиуми,треба да се набљудуваат денешните настани во Македонија, Црна Гора , Босна и Херцеговина.

Македонија-Конечна пресметка на Заев и Груевски

„Речиси три цели мнесеци од парламентарните избори (11 декември 2016 година) Македонија уште не доби влада, а судејќи по се нема скоро ни да ја добие. Никола Груевски и коалицијата собрана околу ВМРО ДПМНЕ освои 51 мандат, додека СДСМ и Зоран Заев освоија 49 пратенички мандати. Уште 20 мандати им припаднаа на албанските партии.

Груевски кој веќе 10 години е на власт не успеа да коалицира со партнерите од албанските партии и да ги убеди да поддржат уште еден негов мандат. 

Заев на претседателот Иванов му предаде потписи со поддршка од 67 од 120 пратеници на Собранието, но за некој тоа не било доволно да го добие мандатот. 

Под изговор на националната загрозеност Иванов го прекрши Уставот, додека е соочен со се поочигледно заминување од власта Груевски започна кампања во која бара распишување на нови избори.

Истовремено, владеачката гарнитура во Скопје и другите поголеми градови почна да организира протести барајќи единствена Македонија,

„Иако имаме мнозинство од 67 пратеници, не сакаат да ја предадат власта, банални изговори пронаоѓаат само да не ја предадат, а ние трансферот на власта сакаме да го направиме на убав и мирен начин“, рече Заев. Дури ни посетата на Федерика Могерини , шефицата на дипломатијата на ЕУ и потпретседателка на ЕК, која од Иванов отворено побара да го почитува Уставот не влијаеше на намалување на тензиите. Самиот Иванов ја пласираше изјавата дека нема да го послуша нејзиниот совет и да му го предаде мандатот на Заев. Поддршка за формирање на коалиција СДСМ и алабанските партии дадоа ЕУ, САД и НАТО.

Пат позицијата и игра на нерви помеѓу Груевски и Заев нема вечно да трае, а масло на огнот долеа и американскиот конгресмен Дејна Рорабакер кој во почетокот на февруари изјави дека Македонија не е држава и дека „Косоварите и Албанците во Македонија треба да станат дел од Косово“, а дека „другиот дел од Македонија треба да стане дел од Бугарија“. Сите занаеме дека прекројување на границите на Балканот никогаш во историјата не е извршено со мирен пат...“, ова стои во анализата објавена вчера која ги согледува состојбите на Балканот и односите во државите кои го сочинуваат, а која акцент става и на Македонија.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски