01 Мај, 2024
0.0272

Јанева бара заштита за свиркачите и соработка со граѓаните

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Многу е важно да се донесе Законот за заштита на свиркачите, бидејќи тоа е начин да се откријат криминалот и злоупотребата на функциите , како и да се охрабрат граѓаните да бидат будни контролори на власта. 

Ова е ставот на учесниците на конференцијата насловена „Ден на слободен говор“ по повод Меѓународниот ден на свиркачите, кој дeнеска се одбележа во главниот град. Специјалното јавно обвинителство постојано укажува на потребата од носење на Законот за заштита на свиркачите. 

„Граѓаните сѐ поретко се решаваат да укажат на коруптивно работење и криминал, поради стравот што го имаат од последиците од таквата активност. Затоа ние треба да ги поттикнеме, да ги охрабриме, да пријавуваат такво однесување. Но, проблем е и довербата во институциите, дека и покрај ризикот од укажувањето институциите ќе постапат по законите. СЈО не отстапува и нема да се откаже од истражувањето на криминалот и корупцијата како институција која е одговорна за својата задача. Не смее да се замолчи и да се затворат очите, потребно е истражување на секој криминал, а граѓаните се свесни дека тоа е нешто од заеднички интерес во кој тие се клучниот дел. Свиркачи беа и обвинетите во случајот „Пуч“ , кои преку своите прес-конференции објавија коруптивно и криминално 10-годишно владеење на една власт“– изјави обвинителката Катица Јанева. 

Таа ги повикува граѓаните да соработуваат со нив за доброто на сите. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање