02 Мај, 2024
0.0268

Јанева: УБК не соработува, директорот прави опструкции, Чавков незнам зашто е таму

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева предмалку даде кратка изјава пред новинарите и ги извести за денешните случувања и влегувањето на СЈО во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Јанева изјави дека соработката оди тешко, дека директорот на УБК, Владимир Атанасовски прави опструкции и поради непознати причини, таму присуствува и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков.

Денес во 11 часот дојдовме во министерството за внатрешни работи со две судски наредби. Влеговме во УБК и во наредбите стои дека треба да ги преземеме сите ПИМ мерки кои се доставени од страна на судовите, решенијата за ПИМ мерки од 2008 до 2015-та година и сите разговори кои ги имаат снимено во тој период. Сѐ уште работиме на тоа соработката оди тешко, директорот на УБК одбива да постапи на барањата, во исто време присутен е по цело време, не знам по кој основ господинот Чавков, а други полициски службеници доаѓаат и излегуваат, неможеме да знаеме кои се, но ве уверувам дека јас со мојот тим на обвинители остануваме до крај додека не ги извршиме судските наредби, изјави предмалку Јанева.

На прашање какви се потекотиите во соработката, Јанева вели дека едноставно се дискутира начинот на кој треба да има предадат документите, додека претходница на овие судски наредби биле упорните барања на тимот на СЈО да се достават сите документи кои ги поседува УБК за прислушувањето од 2008 до 2015-та во период од 6 месеци.

- Од 8. март ние бараме доброволно да ни ги достават документите, тие не ги доставија и денеска влеговме со судски наредби. Другото е предмет на предистражна постапка, ние сакаме да утврдиме дали во тој период прислушувале УБК или странските служби, вели Јанева. 

Јанева додаде дека нема да си заминат од УБК се додека не ја завршат целата работа. Таа вели дека засега се тројца обвинители и очекува да се приклучат уште колеги од нејзиниот тим.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање