01 Мај, 2024
0.0274

Канализација наместо федерализација во Арачиново

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Скопско Арачиново, невообичаеното место каде СДСМ доби доста гласови на последните парламентарни избори, како што низ шега се збореше во текот на кампањата, ќе добие канализација наместо федерализација. 

Арачиновци токму по изборите ја изненадија јавноста дека главната причина поради која гласале за СДСМ се локалните проблеми и немањето на канализација. 

Ако ништо друго барем тој дел од очекувањата од новата власт треба да им бидат исполнети бидејќи Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска потпиша договор со Друштвото за градежништво, транспорт, трговија и услуги ЈУ-БАЈ од Скопје за изградба на дел од фекалната канализација во село Арачиново во истоимената општина.

Договорот е во вредност од 35 милиони денари.

Изградбата е согласно Основниот проект за фекална канализација во село Арачиново, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со проектот се предвидува изградба на примарна канализациска мрежа од седум основни и пет помошни краци во должина од 3.030 метри од кои ресорното министерство ќе ја реализира изградбата на Крак 4 и Крак 7.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање