Кочан повторно на распит во СЈО
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017
Првиот осомничен во случајот „Труст“ на СЈО денеска се појави во ова обвинителство на распит.
И покрај тоа што истече првиот рок на тимот на Катица Јанева за покренување истраги, тоа не значи дека СЈО ќе ги амнестира осомничените.
Сеад Кочан се сомничи дека со фалсификувана документација добил тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.