06 Мај, 2024
0.0243

КОЈ Е „КАБАЕТ“ ЗА СЛУЧАЈОТ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА - штедачите гневни на сопствениците и НБМ, Обвинителството уште без детали

Објавено во: Финансии 29 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Додека од Обвинителството за организиран криминал и корупција се уште не излегуваат со никакви детали околу случајот Еуростандард банка, со образложение дека може да се наштети на истрагата, а државата вели дека нема обесштетување за штедачите чии пари останаа заглавени во банката со влогови над 30.000 евра, на јавна сцена не престануваат препукувањата на релација штедачи - сопственици на банката - Народна банка.

Веројатно кога ќе заврши истрагата, но и стечајната постапка што се води максимално нетранспарентно, јавноста ќе има многу попрецизна слика за тоа колку точно пари ќе се успее да се наплатат од стечајната маса, а колку ќе останат засекогаш да бидат прокнижени како загуби на оштетените штедачи.

Дали и кој е виновен за пропаста на банката, но и за изгубените пари во Еуростандард банка, исто така ќе се знае кога надлежните органи на прогонот ќе го кажат својот финален збор. Оттаму уверуваат дека интензивно работат на случајот и дека многу брзо ќе им се влезе во трага на парите.

Во меѓувреме, не запираат обвинувањата и контрарепликите.

Оштетените штедачи од Еуростандард банка вчера со прилично остар тон напишаа дека знаат кој ги ограбил, но се прашуваат зошто тоа со години го дозволувала гувернерката Анита Бежоска-Ангеловска.

„Повеќе од јасно е дека Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски се тројцата првотимци од ограбената Еуростандард банка, кои свесно ја иницирале, организирале и спровеле масовната кражба на нашите депозити и средства на тековни сметки во банката. Нивните потписи, колективни или индивидуални, се наоѓаат на документите со коишто ги одобриле ненаплатливите кредити на стотици избрани фирми во десетици милиони евра со однапред направен план за да истите не се вратат. Но, недоволно јасно е зошто гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, која е законски надлежна и обврзана да ги штити депозитите на граѓаните и фирмите во банките, ги оставила да крадат и дозволила сега да бидеме целосно ограбени. Уште повеќе, кои се мотивите на гувернерката Бежоска јавно да не лаже дека нашите депозити се сигурни и безбедни и тогаш кога веќе знаела и донела одлука дека за кусо време ќе ја затвори банката?“, се вели во вчерашната реакција од оштетените штедачи.

Натаму тие прашуваат зошто, како што велат, гувернерката Бежоска која тврди дека изрекла поголем број мерки кон раководството на Еуростандард банка, свесно ги оставила да крадат, како и дека 60 милиони евра не се крадат преку ноќ, туку дека грабежот траел со години.

„Зошто гувернерката Бежоска не вовела административна управа уште пред неколку години кога нашите депозити можеле да се спасат и состојбата да се санира? Ниту ги одземала лиценците ниту вовела административна управа, туку оставила банката да се опустоши до каде се можело, за на крајот директно да ја затвори“, реагираа оштетените штедачи.

На ова веднаш возврати еден од сопствениците на банката Трифун Костовски, кој исто така, прстот повторно го впери кон раководството на централната банка, односно кон гувернерката. Тој, преку свое обраќање на фејсбук профилот, вели дека негова најголема грижа се оштетените штедачи на Еуростандард банка. Според Костовски, од едно интервју дадено од гувернерката, може кристално јасно да се согледа дека станува збор за криминална игра на системот за негово финансиско уништување.

„Госпоѓата Бежоска уште во времето кога сме уплатиле 11 милиони евра со цел да ја санираме банката, таа имала намера да ја носи банката во стечај.... Како госпоѓата Бежоска очекуваше дека Еуростандард банка ќе наплати присилно доспеани побарувања, кога цели 97 дена важеше вонредната состојба, а присилната наплата беше замрзната. Истовремено беше одземена лиценцата за работа со правни и физички лица на банката“, пишува Костовски.

Нтаму, тој се обраќа до штедачите дека не е ни најмалку чесно сиот свој бес да го покажуваат и насочувааткон него и неговото семејство.

„Евидентно е дека Народна банка се трудела да извлече што повеќе пари од нас акционерите, а одлуката за носење во стечај е донесена истиот момент кога ние акционерите го сменивме Управниот одбор на чело со Петкоски и донесовме нов Генерален директор, Горан Трајковски. Тој е клучниот момент за носење на банката во стечај, бидејќи со искуството на вработените на чело со Трајковски, ние акционерите лесно ќе дојдевме до крајната дестинација каде завршиле вашите и моите пари“, напиша Трифун Костовски.

Очигледно е дека и двете страни бараат одговорност од централната банка. Но, од монетарната власт во земјава и натаму децидно тврдат дека во овој случај целосно биле испочитувани законските прописи. Токму пред неколку дена, Народната банка предводена од гувернерката Бежовска, ги отфрли наводите и квалификациите на Здружението на штедачи, нарекувајќи ги целосно неточни.

„Народната банка, врз основа на наодите на супервизорските тимови, има изречено голем број супервизорски мерки кои биле соодветни на состојбите во банката. Конкретно, од 2013 година, па сѐ до одземањето на дозволата во август 2020 година, изречени се околу 70 супервизорски мерки. Само во последните две години, откако гувернерката Ангеловска-Бежоска ја извршува оваа функција, изречени се околу 40 супервизорски мерки. Напоменуваме дека Народната банка не одобрува кредити, туку тоа го правеле органите на Еуростандард банка. Токму поради констатиран зголемен кредитен ризик од кредитите одобрени од овие органи на Банката, за да го заштити нејзиниот биланс, Народната банка побара да се изврши докапитализација на Банката. Исто така, побарана и направена беше целосна промена на органите на Банката“, се вели во неодамнешниот допис од централната банка до јавноста.

Оттаму тврдат дека не е точно оти Народната банка и гувернерката имале докази за перење пари од страна на Банката и за тоа не ги известиле надлежните органи, како и дека тоа првпат е сторено по затворањето на Банката.

„Напротив, Народната банка за сите индиции во овој домен навремено ги известила државните органи кои имаат надлежност и експерти за утврдување и натамошно постапување“, децидна е гувернерката Бежовска.

Инаку, пред извесен период од Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за Фактор потврдија дека работат на предметот Еуростандард банка. Не обелоденуваат за јавноста повеќе детали, но откриваат дека надлежниот обвинител што постапува по предметот издал еден куп наредби и бара релевантни докази и ги утврдува фактите за случајот.

„По пристигнувањето на кривичната пријава, како што веќе информиравме, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предистражна постапка, со цел да се испитаат наводите содржани во пријавата. Надлежниот обвинител што постапува по предметот издаде низа нарадби во насока на прибирање на релевантни докази и утврдување на факти. На предлог на обвинителството, согласно законските одредби, Основниот кривичен суд Скопје со решение привремено замрзна имот на неколку физички и правни лица инволвирани во случајот. Со оглед на природата на предистражната постапка, обвинителството во моментов не може да сподели детали“, се вели во одговорот кој пред околу еден месец го доби Фактор.

Првиот човек на Финансиската полиција, пак, Арафат Муареми, исто така пред околу еден месец, изјави дека во врска со случајот Еуростандард банка постапуваат по наредба на Јавното обвинителство, како и дека се на добар пат да докажат каде завршиле парите од „Еуростандард банка.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТА БАНКА! СУДБИНАТА НА МНОГУ КЛИЕНТИ ВИСИ НА КОНЕЦ - еве што можат да очекуваат после колапсот

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст