Колкав процент од младите би ја напуштиле, а колку би останале во Македонија?
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2022
Истражување за тоа дали младите ќе ја напуштат или ќе останат во југоисточна Европа, покажува дека мнозинството од младите кај нас би заминале во странство.
Според податоците од студијата за младите во југоисточна Европа, 73 отсто од младите во Македонија сакаат да емигрираат, а 27 отсто да останат. Од Србија би заминале 75 отсто, од Албанија 66, од Црна Гора 63, од Словенија 65, од БиХ 62, од Косово 58, од Бугарија и Хрватска 34, а од Романија би заминале 30 отсто.