03 Мај, 2024
0.0262

КОРОНАТА Е ЗЛОБНА И НЕПРЕДВИДЛИВА - 23 годишна девојка од Србија која досега била здрава и права се бори за живот

Објавено во: Балкан 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Српски Курир ја посетил новата ковид болница во Батајница, каде 60 пациенти ја водат најважната битка на својот живот - тие се на интензивна нега, а меѓу нив има и млади луѓе кои досега биле полни со сила и живот.

Межу нив е и 23 годшна девојка, која пред короната била здрава и права и навреме се јавила на лекар, сега се бори за живот во новата ковид болница во Батајница, која вчера ја посетил тимот на Курир.

Таму, пишуваат новинарите, може да се забележи тага - 60 луѓе тука се борат за живот. Мониторите пиштат, а тие се прицврстени на црева и кабли, додека неуморни лекари, медицински сестри, техничари летаат околу болните пациенти. 

Анестезиологот доц. Доктор Дејан Марковиќ изјавил за Курир дека за 48 часа од отворањето, 396 пациенти биле примени во новата болница и дека сите биле во животнозагрозувачка состојба на одделот за интензивна нега.

„Имаме 23-годишна девојка, која беше здрава и права и која не чекаше да се јави на лекар. Но, таков е текот на болеста, короната е злобна и непредвидлива. Има и постари пациенти, но има и целосно млади пациенти кои досега не биле третирани за ништо, кои биле силни и здрави“, изјавил Марковиќ:

„Тешко е да се работи под скафандери, но е ужасно тешко кога ќе погледнете во животот што згаснува, без разлика дали е стар или млад. И, одите дома само 24 часа, без викенди, без одмори. И тогаш ќе го вклучите телевизорот и ќе видите дека многумина млади седат во кафулињата на Копаоник, грабаат опрема за скијање, дека 70 отсто од новогодишните аранжмани се распродадени. Луѓе, освестете се еден месец, два, три. Кога ќе дојде вакцината, да се вакцинираат сите и да се тргнеме од тука!“, порачува докторот.

Д-р Татјана Аџиќ Вукишевиќ, директор на болницата во Батајница, изјавила дека само вчера ставила четири млади луѓе од одделението на одделот за интензивна нега.

„Овие 60 пациенти, ако не дојдеа во болница во петокот, сабота, недела, гарантирам дека немаше да бидат живи досега“, посочила таа за Курир.

Извор: Крир.рс

Фото: Политика.рс

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД