05 Мај, 2024
0.0332

Ковачевски за предлогот да се смени државниот грб: Опозицијата да ги достави сите предлози

Објавено во: Македонија 19 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски и почара на опозицијата дека слободно може да ги достави своите предлози до Комисијата за уставни прашања која ќе биде формирана во Министерството за правда.

Ова го порача премиерот,  одговарајќи на прашањето во врска со предлогот на универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски како поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ за менување на актуелниот државен грб, што би бил еден вид на консензуален договор со оваа опозициска партија.

– Слободно нека ги донесат сите свои предлози во Комисијата за уставни прашања која ќе биде формирана во Министерството за правда и таму ќе може да се разговара бидејќи гледаме, опозицијата ставовите дневно ги менува, кратко одговори Ковачевски.

Универзитетскиот професор Спасеновски смета дека можеби враќањето на старата дебата од 2014-2015 година за менување на актуелниот државен грб е еден од начините како да се овозможи земање предвид на интересите и заложбите на најголемиот дел од конзервативниот дел од државата, но истовремено да се најде начин како резултат на таквата отстапка да се дискутира со опозицијата и да се обезбеди нејзина согласност околу текстот на уставните измени.

Според професорот Спасеновски, оваа измена би била во светло на декларираната заложба на Владата за унапредување на единството.

Во вестите на ТВ Сител професорот Спасеновски истакна дека можеби треба да се размислува за предлогот за црвен лав на жолта позадина со пет кули, кој во 2014 за државен грб го предложи тогашната Влада на ВМРО ДПМНЕ, а доби и позитивна оценка од ДУИ, но не помина во Собранието.


Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца