02 Мај, 2024
0.0352

ЛЕТОТО ЗАПОЧНУВА: Какво време не очекува?

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Календарски започна летото. 

Денеска на 21 јуни, во 6 часот и 25 минути, на 172-риот ден во годината, на северната полутопка и во Република Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка, оваа среда ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. 

Летото ќе трае 94 дена, а ќе заврши на 22 септември кога почнува есента.

Првиот летен ден во Македонија, според прогнозата на синоптичарите, ќе биде сончев со мала облачност и слаб, претежно северен ветер. Попладне на планините некаде ќе има умерено наоблачување. Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени, а УВ-индексот ќе има вредност 9.

Од утре деновите ќе почнат да се скратуваат за по 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите. 

Прогнозите укажуваат дека по релативно влажната пролет, летото на Балканот и во Македонија ќе биде доста топло, слично, ако не и потопло од летото во 2012 година. 

Причина за тоа е глобалната циркулација на воздушните маси и феноменот Ел Нињо, како и локациите на т.н. минимуми и максимуми над Европа и Африка. Особено топло ќе биде веќе од почетокот на јули. Во средината на август ќе има чести појави на жешки воздушни бранови и само неколку дождливи денови.  Во северниот дел на Европа, летото ќе биде просечно топло, врнежливо и со чести временски непогоди. Овие прогнози се во согласност со проценките за климатските промени на стариот континент. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање